Напишано од Eлена Четврток, 01 Октомври 2020 13:54
Од денес е во продажба инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“
Најдомаќинскиот инстант лоз на Државна лотарија нуди 5 стана и бројни парични добивки од вкупно 500 000 добивки.
Вкупниот број на добивки е 500 000 а вкупниот фонд е над 100 милион денари. Покрај 5-те стана, лозот нуди 495 000 парични добивки меѓу кои 15 добивки по 100 000 денари, 30 добивки по 50 000 денари и други добивки од 5 000 до 100 денари.
Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ по цена од 100 денари нуди можност за освојување на еден од 5-те стана од кои што два се со големина од 32,25 м2, еден од 41,75м2 со подрум, еден од 59м2 со гаража од 21м2 и најголемиот е 83,50м2 со гаража од 21м2. Становите се во општина Аеродром во нов станбен објект во една од најубавите згради во близина на „Зравствен дом Јане Сандански“, на улица „Методија Шаторов - Шарло“ бр 5А.
Лозот е со атрактивен изглед и забавна игра што те внесува во потрага по еден од 3-те добитни броеви меѓу 15 (твои) броеви во групното поле за игра.
Пет од играчите кои што воедно од 15-те полиња ќе изгребат добитен број што ги води кон стан, ќе добијат комплетна документација и ќе може да се вселат во својот нов дом добиен за само 100 денари.
Инстант лозот „ДОМЕ, СЛАДОК ДОМЕ“ е идеален и за подарок. Со дарување на три лоза во Среќа плус коверт, можете некому да подарите стан.
Стан за 100 денари - да и тоа е можно, со Државна лотарија.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија