Напишано од Eлена Петок, 13 Ноември 2020 20:45
Државна лотаријa додели уште еден автомобил BMW X1 од инстант лозот МИНИ и МАКСИ
Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници.
Едeн од нив е и Денис Игѓи од Скопје со кој што се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасниот BMW X1.
Денис, пресреќен, ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М - Кар каде што Марјана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Нашиот добитник Денис, е голем обожавател на брендот автомобили BMW, а љубовта кон овој тип автомобили ја наследил од неговиот татко кој возел ваков тип автомобил многу одамна. Како пасиониран играч на инстант лотарија Денис секој ден купувал по 20-30 инстанти МИНИ И МАКСИ од различни продажни места, а целта била автомобилот BMW Х1.
Среќата му се насмевнала во продажното место ИЛИЈАНА во скопско Ченто, од каде купил 30 инстант лоза МИНИ и МАКСИ. Инстантите ги гребел дома во кругот на семејството, а во моментот кога изгребал 3 исти симболи BMW X1 на среќата и немало крај.
За потсетување, нашите играчи ги очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение ги очекуваме да ги раскажеме Вашите среќни приказни.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија