Напишано од Eлена Петок, 04 Декември 2020 14:01
Државна лотарија додели уште еден автомобил BMW X1 од инстант лозот Мини и Макси.
Државна лотарија продолжува да ниже среќни приказни кои ги раскажуваат нашите најсреќни добитници. Еден од нив е и Христијан Ефтимов од Радовиш со кој се запознавме и му ги предадовме клучевите од прекрасниот автомобил BMW X1.
Денес, пресреќен ни ја раскажа својата среќна приказна пред салонот за автомобили М-Кар каде што Марјана му ги предаде клучевите од автомобилот.
Христијан и неговата сопруга се пофалија дека секојдневно купуваат инстант лозови. Тој ден, кога купиле 3 инстант лоза Мини и Макси од продажното место „Јаков Фреш“ во Радовиш, всушност биле купени по повод 40 дена од раѓањето на нивното синче. Инстантите ги изгребале дури вечерта заедно со гостите кои ги затекла убавата вест. BMW X1 е желба на сопругата која била најупорна во потрагата по трите симболи, па таа ќе биде и сопственичка на овој убавец.
Ве потсетуваме дека Ве очекуваат уште автомобили од инстант лозот Мини и Макси, а ние со нетрпение очекуваме да ги слушнеме вашите среќни приказни.
Последни објавени во оваа категорија
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне
- Два нови летни вкусови на Вива Фреш соковите
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија