gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Вива сокови и ѕвездите од „Дајте музика“  заедно се подготвуваат за големиот концерт во сабота!

Viva 01

Долгите проби поминуваат без мака благодарение на омилените Вива овошни сокови! Кој е омилениот вкус на главните ѕвезди?

Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ најави спектакуларен концерт на 18 Јуни, на стадионот на АРМ во Скопје со почеток од 20 часот. Обожавателите ќе можат да се дружат со Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска, како и малите старомаалци, во шоу организирано од Авалон, а под покровителство на ВИВА сокови.

Viva 02

Подготовките течат забрзано, а предизвикот е уште поголем бидејќи ќе се пее во живо.

„Ќе пееме во живо и верувам дека поради тоа атмосферата ќе биде уште подобра.  Се подготвуваме сериозно и посветено, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство и за публиката, но и за нас.“  - вели Анастасија Џабирска

ВИВА тимот секогаш ги препознава вистинските вредности затоа и овојпат ја даде својата несебична поддршка на концертот на младите ѕвезди.

„Дајте музика“ е шоу кое промовира добри вредности на една генерација која допрва ќе се гради себеси и својот музички вкус, а ѕвездитена овој серијал се вистински промотори на македонската музика. Вива сокови како општествено одговорна компанија секогаш ги препознаванастаните од голема важноста за заедницата и значењето на концерт во живо и за публиката и за изведувачите. Сигурни сме дека ова ќе биде одлична забава која ќе се памети, а за успехот ќе наздравуваме со ВИВА сокови. “- кажаа од маркетинг тимот на ВИВА.

Viva 03

Филип Поповски е главен мотиватор на пробите поттикнувајќи ги ситеда работат повеќе и да дадат сѐ од себе со цел да ги надминат очекувањата на публиката.

„Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Сакам сите да дадеме сѐ од себе и на македонската публика да ѝ приредиме незаборавно шоу. Сигурен сум дека ќе направиме одлична забава, а ќе има и ненајавени изненадувања. Пробите се одвиваат во полна пареа, а благодарение на ВИВА сокови имаме вистинско витаминско освежување во секој момент. Уште од малечок денот не можам да си го замислам без чаша Вива од портокал – вели Филип.

И Миха Гиговпотврди дека работат неуморно и вети супер забава.

„Публиката нѐ знае од серијалот, ги има снимените ЦД-а, од детска Евровизија, сме имале и театарска претстава и разни помали настапи но секој настап е поинаков, а овој голем концерт за нас е посебен и ветуваме дека ќе биде незаборавен за сите што ќе нѝ се придружат на Стадионот на АРМ на 18 јуни.Особено ни е драго што ја имаме таа чест да настапиме пред толку голема публика, а особено ни претставува задоволство безрезервната поддршка која ја имаме од Вива сокови. Вива Фреш Мултивитамин и забавата може да почне! – вели Миха.

Авалон Продукција најави беспрекорна организација со акцент на безбедноста на децата.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box