Напишано од Eлена Среда, 17 Август 2022 11:40
Државна лотарија ја збогати палетата на инстант лотарија со нов инстант лоз „ФРУТИ“, којшто нуди освежителна забава, 15 премии од по 400 000 денари и многу други парични добивки.
Трагачите по забава, добивки и возбуда ги очекува нов летен инстант лоз „ФРУТИ“ наменет да го освежи буџетот во летните денови, а потоа и да ви го продолжи летото и во останатиот дел од годината.
Играта е едноставна и брза. Сè што треба да се направи е да се изгребат 5-те полиња со „фрути броеви“ и 20-те полиња со „твои броеви“, а потоа да се пронајде барем еден пар истоветни броеви. Кога еден „твој број“ ќе ист како некој „фрути број“, се освојува добивката што ти ја носи „твојот број“.
Во полињата „твои броеви“, може да се открие и дополнителна можност, доколку се пронајдете симбол „2Х“ или „5Х“, со што ќе се помножи добивката назначена под „твој број“.
Новиот инстант лоз „ФРУТИ“ нуди 15 главни премии по 400 000 денари, како и добивки од 50 000 денари, 30 000 денари, итн.
Не пропуштајте да го пробате новиот овошен инстант лоз – „ФРУТИ“ на Државна лотарија.
Инстант лозот „ФРУТИ“ е веќе на продажни места на Државна лотарија ширум Републиката.
Последни објавени во оваа категорија
- Саем на мебел со богата понуда и попусти за уредување на домот
- Прогласени најуспешните мажи во Македонија
- Интегрираните туристички понуди за развој на активен, одржлив и рурален туризам во Брегалничкиот регион
- Има милион причини и само еден инстант начин да станеш милионер
- „Вива ла Вида чаши у вис, живели!“
- Нов овошен инстант лоз на ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА - „ФРУТИ“