gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

САЕМ НА МЕБЕЛ (29.03-02.04) СО БОГАТА ПОНУДА И ПОПУСТИ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ДОМОТ

saem 2023

Сѐ е подготвено за почетокот на една од најатрактивните саемски манифестации кај нас, запаметена и со нетрпение очекувана заради оригиналните идеи за уредување на домот. Саемот на мебел, кој ќе се одржи од 29 март до 2 април, Ви нуди исклучителна можност на едно место да го одберете своето идеално парче мебел и да ги искористите атрактивните саемски попусти.

На Саемот ќе се претстават над 40 домашни и меѓународни брендови со богата понуда на мебел за дневни, спални и детски соби, трпезарии, кујни, купатила, но и на декоративни подлоги и елементи и секако на оригинални решенија за ентериерот.

Партнер на годинешното издание на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје, која на посетителите на саемот ќе им понуди атрактивни кредитни производи за купување на посакуваните парчиња мебел. Посетителите ќе имаат ексклузивна можност на специјалниот штанд на Комерцијална банка да се информираат и да аплицираат за разновидни кредитни производи.

Саемот на Мебел започнува на 29 март и ќе трае до 2 април, со работно време од 10.00 до 20.00 часот, а ќе се одржи во Комплекс - „Борис Трајковски“. Билети може да се набават на билетарниците пред влезот на Саемот и преку платформите: www.karti.com.mk и www.mktickets.mk .

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box