gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

familyНачинот на живот влијае и врз здравјето, па ако негувате стил на живот кој пропагира навики добри за организмот, тоа ќе се забележи и на Вашиот дух и тело. Има неколку начини со чија помош Вие и Вашето семејство можете да практицирате здрав начин на живот:

1.Појадок и ручек
Прескокнување на оброкот е лошо за организмот. Појадокот е најважниот оброк кој ќе ви даде енергија, затоа се препорачува наутро да јадете житарици богати со хранливи влакна, а за ручек изберете на пример протеини и зеленчук. Ваквата исхрана ке Ве наполни со енергија за целиот ден.

2.Заедничко вежбање
Дозвлете си заедничко важбање од 20 минути и меѓусебно почитувајте се. На пример, можете заедно да трчате на кеј, да возите веоспиед, да се искачувате на Водно и слично.

family-dinner

3. Заедно на вечера
Воведете ритуал за заедничко дружење на вечера. Обично навечер сите се дома, па кога ќе седнете на вечера сите заедно можете да уживате и во пријатен разговор.

4. Приказни за добра ноќ
Читајте им на децата приказни за добра ноќ, а понекогаш дозволете им и нив да ви раскажат некоја. Ним тоа ќе им биде интерсно, барем на почетокот, а после приказната и тие и Вие полесно ќе заспиете.

5. Однесување и земање пример
Вашите деца во повеќето случаеви ќе се огледаат на вас. Ако Вие нездраво се храните, ако сте мрзливи, ако не си легнувате на време - тешко ќе му објасните на вашето дете дека сепак тоа е погрешно.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box