gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

rabotni_naviki

За развој во кариерата секогаш треба да бидете активни и никогаш да не се посомневате во себе. Како тоа да се постигне?

1. Не го намалувајте значењето на Вашите достигнувања
Помина времето кога се сметаше дека жените треба да бидат смирени скромни да стојат на страна. А посебно ова важи кога е работата во прашање.
Немојте да чекате залужената награда сама да си дојде, туку зграпчете ја сами.
Ако шефот нема време да Ве забележи или не сака да Ве забележи колку се трудите околку работата и колку вредно работите, време е сами да му покажете. Едноставно отворете ги своите и очите на претпоставените и со самото тоа забрзајте го патот кон Вашиот успех во кариерата.

2. Настапувајте сигурно и зборувајте гласно
Зошто една самоуверена девојка би се повлекувала или би губела координација во разговорот.
Многу млади жени се срамат од евентуални грешки, така што нивниот стил на презентација на работа е несигурна, велат стручните лица за кариера. За да напредувате морате да зборувате јасно, гласно авторитативно, мажите тоа го прават дури и кога грешат, затоа искористете го нивниот модел на презентација. Бидете свесни, фокусирајте се на тоа што погласно, посигурно да зборувате и да верувате во она што го зборувате, дури и кога другите не веруваат.

3.Преговарајте
Психолозите објаснуваат дека небарањето на зголемување на платата потекнува делумно од страв делумно од отфрлување на идејата. Од друга страна преставниците на компанијата очекуваат од Вас да преговарате на овој или оној начин. Затоа секогаш е добра идејата да бидете отворени искрени кон своите претставници и да го покажете она што сте го сработиле. Поднесете список на сето она што сте го работеле во последно време и испитајте колку другите луѓе на Вашата позиција заработуваат (секако, дискретно).
Кога сето ова добро ќе го изанализирате, ќе сфатите дали заслужувате  поголема плата и ќе бидете поподготвени да се борите за зголемување на истата.

4.Борете се за себе
Секој е уплашен од неуспех, ама жените дозволуваат да бидат повеќе погодени од мажите.
Поентата е да станете зрела личност кога ќе решите да отстапите од својата вообичаена зона на комфорот.
Иако истражувањето на непознатото - било да се работи за обврски на новата работа или целокупна промена во текот на кариерата-може да Ве уплаши, едноставно постојат времиња кога морате да играте на се или ништо.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box