gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

woman-shoppingДури една третина од добитниците на лотарија, според истражувањата, банкротираат во рок од 5 години. Нема премногу смисла да штедите ако не знаете зсошто тоа го правите. Затоа смислете што сакате од парите и ослободете  се од лошите финансиски навики.

Така секогаш ќе го имате она што ви е потребно. Воспоставувањето цел,  како што е основање семејство или купување стан, можат да ве инсприраат да станете финансиски одговорни и внимателни кога се парите во прашање.

Еве некоолку начини како да ги промените лошите навики поврзани со финансиите и со тоа што побрзо да ги остварите вашите замислени цели:

  1. Чистење. Прво што треба да направите е да го организирате местото на кое ги чувате сметките. Секогаш  чувајте ги одделно платените од неплатените сметки.
  2. Експертите препорачуваат да најдете "финансиска совест" поточно, некој ваш близок роднина или партнерот, кој секогаш ќе биде тука да ве разубеди кога ќе паднете во искушение да купите нешто непотребно.
  3. Поставете граница. Кога се трошоците во прашање потребно е и да воспоставите граница колку сте подготвени да потрошите за нешто. На пример, доколку си ветите дека нема да купувате маица поскапа од 1000 денари, тогаш строго придржувајте се до тоа, и така нема да трошите премногу.
  4. Кеш. Купувајки со картички, луѓето не гледаат колку трошат, па затоа бирајте плаќање со готовина и можете да заштедите и до 20 проценти годишно, тврдат финансиските експерти.
  5. Плаќање преку интернет. Овој начин на плаќање е добар бидејки се намалува провизијата. 
  6. Запишувајте. Експертите советуваа да ги Запишувате сите торшоци. После месец дена анализирајте на што сте потрошиле премногу и како можете да ги намалите трошоците.
  7. Заработка од хоби. Претворете го вашето хоби во извор на приходи, така ќе уживате додека работите, а и ќе бидете мотивирани.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box