Напишано од Надица Среда, 01 Јуни 2011 11:59
Лагите зборуваат се.Најновите истражувања покажуваат дека секој од нас знае да излаже од 2-3 пати во текот на денот.Најчесто лажеме за да избегнеме конфликти и непријатни ситуации. Исто така ја заобиколуваме вистината и поради лични користи,меѓутоа и за да заштитиме некого.
На пример,пријателката Ви го покажува новиот фустан и сака да го слушне Вашето мислење.Иако фустанот воопшто не Ви се допаѓа,сигурно ќе и кажете дека е убав и дека супер и стои.Ваквите лаги се корисни затоа што позади нив се крие желбата да не ги повредуваме другите.
Машки и женски лаги
Моментите кога мажите најмногу лажат скоро секогаш е пред остварување на една љубовна врска,меѓутоа тогаш е прифатливо и се сфаќа како облик на додворување. Омилен момент за лажење е раскинувањето. Тогаш мажите можат да ги изговорат и најапсурдните работи само да не ја кажат вистината. Мажите исто така често лажат за количината на алкохол која ја испиле за време на последното излегување со пријателите.Сепак,жените подобро лажат од мажите затоа што имаат повеќе изрази на лицето.Тие најчесто лажат за тоа колку потрошиле додека пазарувале или на последниот шопинг.
Како да препознате лага?
Со внимателно следење на соговорникот можете да забележите дали ја зборува вистината или не.Обрнете внимание на следново: црвенило на лицето, зголемено потење, авторитативен тон, немирен поглед, чешкање на носот. Ова се проверени знаци дека личноста не ја зборува вистината.
Лагите можат да бидат корисни во некои ситуации.Меѓутоа треба да се биде внимателен затоа што со крупните лаги можеме да ги повредиме личностите кои што ги сакаме.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила