Напишано од Deko Среда, 01 Јуни 2011 13:27
Доаѓате дома после напорниот работен ден, и иако немате сила за ништо, пред Вас се уште многу обврски, па посегнувате по нездрави сокови и по слатки за кои верувате дека ке ви ја вратат енергијата. Но, всушност, има неколку пијалаци кои можат навистина да Ве смират и да ви дадат сила.
1. Чаша млеко – содржи триптофан кој во метаболизмот гради сератонин и така дава чувство на задоволство и ментална опуштеност. Млекото освен тоа, е и богато и со калциум, магнезиум, и калиум, кои придонесуваат за намалување на крвниот притисок.
2. Шоља топло какао – топлите пијалаци ја зголемуваат телесната температира и создаваат чувство на пријатност кое се вчитува во мозокот. И важно е да користите вистинско какао, а не мешавина со многу шеќери.
3. Црн чај – истражувањето на универзитетот во Лондон, покажало дека четири шољи црн чај на ден, во период од 6 недели, го намалува нивото на кортизол – хормонот кој се лачи за време на стресот и предизвикува психички и физички тегоби. 4. Зелен чај – богат е со беанин кој ги подобрува концентрацијата и способноста за учење, ги смирува нервите и напнатоста, го намалува високиот крвен притисок, и ги ублажува симптомите на ПМС.
5. Чаша ладна вода - поволно делува на крвниот систем, и стимулира ендорфин кој предизвикува чувство на срека и задоволство. Совршена комбинација за опуштање е чаша ладна вода и кратка прошетка на свеж воздух.