gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

onion-ringsКонечно сте договориле состанок кој долго време сте го посакувале, и сте одлучиле заедно да уживате на ручек или вечера. Додека се подготвувате за состанокот , во глава ви оѕвонуваат прашања од типот „Што да облечам?“, „Што да зборувам?“ и слично, но не заборавајте на уште едно важно прашање кога ќе пристигнете во ресторанот – „Што да порачам?“.
Мариса Мур од Американското здружение за дијабетичари ја разрешува оваа недоумица и предлага кои 5 видови храна не би требало да ги консумирате на состанок.

Како што сите добро знаеме, лукот и кромидот ќе му дадат непријатен мирис на здивот, па тоа е доволна причина да се избегнуваат на состанок.
Џесика од Сан Франциско се потсетува – „Еднаш отидов на состанок откако претходно јадев лук. Не добив бакнеж за добра ноќ таа вечер“.
А според Мариса Мур, маслата од лукот и кромидот доспеваат до крвотокот, каде можат да се задржат два до три дена. Затоа можете да бидете извор на непријатен мирис дури и ако сте јаделе лук или кромид неколку дена пред состанокот.
.
Пире од компир – иако наизглед делува „безопасно“ пирето од компир навистина може да ви направи проблеми кога јадете надвор од дома, бидејќи содржи млеко или павлака, па може да им наштети на луѓето интолерантни на лактоза. Ако вашиот стомак добро поднесува млечни производи веројатно ќе поминете без тешкоти, но подобро да не ризикувате. Определете се за печен компир или салата од компир (без лук).

spagetiКашкавал – Одредени видови на кашкавал имаат јак мирис, па би требало да ги избегнувате кога одите на состанок. Иако Вие можеби тоа не го забележувате, партнерот ќе забележи, односно, по бакнежот сигурно ќе почувствува непријатн мирис и вкус во вашата уста. Наместо кашкавал изберете бело сирење.

И додека споменативе намирници  треба да ги избегнувате бидејќи предизвикуваат лош здив или тешкотии со варењето, шпагетите треба ги избегнувате поради нивниот облик. Шпагетите се прилично незгодни за јадење, а последно што сакате е храната да заврши на вашата облека, или во најлош случај - на облеката на партнерот спроти вас. Ако баш не можете да им одолеете на шпагетите, напоменете му на келнерот вашата порција да биде прелиена со само малку сос.
 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box