gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Не сте задоволни со својата висина? Не грижете се, еве неколку едноставни трикови со кои ќе изгледате повисоки отколку што сте.

kratkiДвижете се исправено

Правилното држење ќе Ви донесе многу физички, ама и психолошки предности. Освен тоа, ова е важна компонента за здравјето на вашето тело. Клучната работа е дисциплината – додека одите или седите секогаш имајте на ум дека грбот треба да Ви биде исправен . Со малку вежби, тоа ќе Ви стане рутина, а Вие сигурно ќе изледате повисоко.

Бирајте гардероба со вертикални линии

Гардеробара со хоризонтални линии ќе Ве направи визуелно пониски отколку што сте. Избегнувајте кариран дезен, широка гардероба и тешки материјали. Наместо тоа бирајте гардероба со тенки вертикални линии, видливи кроеви, интересни копчиња. Ќе изгледате повисоки и во лесни, благо истрокирани фустани, а добар избор се и кратките панталони.

Се е во нијансите

Одберете гардероба со слични нијанси – на пример темно зелена маичка и малку посветли зелени панталони . Ова е уште еден од триковите кои што визуелно ќе Ве издолжат.

Потпетици – да, ама не превисоки

Познато е дека чевлите со високите платформи и вртоглавите потпетици издолжуваат. Меѓутоа таквите чевли и не се многу удобни, а доколку сте навистина ниски, превисоките штикли може да делуваат и помалку смешно на Вас. Наместо тоа, одберете ги оние со пониска, коцкаста или повеќеслојна потпетица.

kosaВрзете ја косата во опавче

Правилно одбраната фризура ќе Ви помогне да изгледате повисоки. Впечаток на повисока девојка ќе постигнете и доколку косата ја соберете високо а треба да избегнувате натапирана или афро фризура, затоа што ќе се изгубите во неа.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box