gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Иако машкиот и женскиот пол по многу нешта во ова денешно време е изедначено во позициите, се чини дека еднаквоста  на професионално поле сеуште не е постигната – без оглед на образованието и способноста, жените за одредни работи никогаш не се ангажираат. Прочитајте меѓу кои професии тешко може да се најде некоја жена

sefШеф на кујна
Додека на жените често им припаѓаат улогите помошничка домаќинка или хигиеничарка, во речиси ниеден голем ресторан нема женска личност на место шеф на кујна.

Режисер
Меѓу режисерите на холивудските филмски хитови се наоѓа и по некоја жена. Има добри филмови режирани од страна на понежниот пол, меѓутоа бројот е незабележителен кога ќе се спореди со режисерите од посилниот пол.

Вратар
Првата жена вратар вработена е во Њујорк пред 20 години, а од тогаш до сега нема зголемен интерес. Обично мажите се задолжени да ги испратат гостите до автомобилот, да придржат чадор и сл.

Пожарникар
Иако и жените се способни да се занимаваат со оваа работа, меѓу пожарникарите неможе да се најдат голем број од понежниот пол. Најчести  причини кои се наведуваат се недостаток на физичка подготвеност и помала сила.

Главен дизнајнер во автомобилска компанија
Ниедна жена никогаш не била на оваа позиција.

Генерален секретар на ОН
До сега на местото на генерален секретар на Обединетите Нации биле девет мажи, но ниедна жена.

magionicarМагионичар
Улогата на главниот магионичар најчесто е дадена на посилниот пол, додека жените обично припаѓаат во улога на нивна помошничка.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box