gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

pricinizabrakЗа да ја осигурате својата врска е меѓу првите лоши причини за брак. Ако мислите дека врската не Ви е на сигурни нозе, немате никаква причина да мислите дека работите ќе тргнат на подобро кога ќе ги размените Вашите прстени. Можеби и ќе Ви биде потешко да се разделите кога веќе ќе бидете во брак, ама тоа воопшто не значи дека ќе бидете среќни заедно.

За да го победите стравот од самотија. За некои луѓе добар дел од причините за стапување во брак лежат во стравот дека ќе останат сами, односно дека никој повеќе нема да сака да биде со нив. Меѓутоа добро е да се запомни дека подобро е да се чекa, отколку да се помине цел живот со било кој.

За да Вашето дете расте со родители. Ако веќе имате дете или е на пат, сепак не е доволно добра причина за да стапите во брак. Вистина е дека децата поздраво растат кога со нив се двајцата родители, но не иако тие не се среќни заедно и ако не се сакаат.

Затоа што сакате да се опоравите од разводот. Некои луѓе влегуваат од еден во друг брак, мислејќи дека себеси ќе си докажат дека се во право и дека со нив се е во ред. Меѓутоа, желбата и мотивацијата за ново врзување може да дојде и од други извори.

Освен самите причини за влегување во бракот, подеднакво е важно да ги препознаете и своите очекувања од брачниот живот. Најважно од се, е со партнерот да утврдите дали Вашите причини и очекувања од бракот се исти или барем компатибилни. Совршено е нормално да имате сомнежи и стравови, затоа што се работи за една од најголемите одлуки во Вашиот живот. Но се додека со партнерот можете да ги поделите размислувањата, големи се шансите дека сте на прав пат.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box