gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

maski-pogНаучниците докажале дека мажите често погрешно го сфаќаат нормалното однесување на жените кога е сексуалната заинтересираност во прашање, мислејќи дека како што е нивното однесување кога посакуваат да остварат контакт со очите, е исто и кај понежниот пол т.е има ист ефект и кај жените.

Кога маж ќе се насмевне, за жените тоа значи дека тој покажува отворено интересирање за секс и контакт. А доколку жена се насмевне на маж, тоа автоматски според нив значи дека и таа е заинтересирана за истото.

Ваквиот начин на размислување најчесто се јавува кај мажите чиј сексуален живот не е премногу активен или кај оние кои се преокупирани со размислувањата поврзани за сексот и односите со жените.

Додека мажите се насочени да остварат контакт со очите и да започнат љубовна врска, жените се малку понаивни по ова прашање. Жените во најголем број на случаеви, случајно се насмевнуваат, не мислејќи дека тоа е повик за додворувње, додека мажите ваквиот чекор го сметаат како знак за “акција”.pogled-1

Нивното однесување има врска со самопроекцијата, т.е со уверението дека нивниот начин на размислување е идентичен како кај другите луѓе, што може да направи проблем кај женската популација.

Научниците тврдат дека треба да се биде внимателен и да не се претерува со љубезноста, затоа што некои мажи  - кога не добиваат позитивен одговор, а умислиле дека добиле повод за додворување – имаат тенденција да бидат насилни.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box