gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

letnaavanturaАко одите на одмор со друштво, големи се шансите дека на плажа во некој момент ќе здогледате некој дечко кој ќе собере храброст да Ви се доближи. Што Вие би направиле во оваа ситуација?

Ако Ви пријде, поголеми се шансите дека ќе Ве покани да излезте. И, што потоа? Сигурно во таквите моменти ќе Ви поминат милион причини “за” (сладок е, згоден е, шармантен е) и “против” (одморот трае десетина дена, што ако се заљубите до уши, што ако е кретен, не го познавате и не знаете ништо за него, дома Ве чека партнерот).....

Ако се одлучите да излезете со некого кого сте го запознале тоа утро на плажа, не претерувајте со алкохол. Потребна Ви е “ладна глава”  и добра моќ на расудување. Ако сте во град кој не го познавате, бирајте места каде што има многу луѓе. Исто така, ако патувате, летувате во странство, водете сметка за локалните обичаи и однесувајте се во склад со нив.

И најважно, ако одлучите да се впуштите во летна авантура, никогаш, ама навистина никогаш немојте да имате односи без кондом.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box