gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

oblik na telotoОблик – ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК

Брокула. Ако имате широки колкови и тенок струк, односно облик на телото како песочен часовник, брокулата треба да стане дел од вашето мени. Таа ќе спречи таложење маснотии на колковите и ќе помогне да имате рамен стомак.

Црн леб. На Вашето тело му требаат јаглехидрати, како што се ориз, леб и тестенини. Но се препорачува да изберете од оние диеталните варијанти бидејќи на тој начин ќе одржите стабилно ниво на шеќер во крвта.

Јагоди. Зрела јагода и нискокалоричен јогурт е подобра варијанта отколку млеко и колачиња. Јогуртот и јагодите ќе Ве освежат, а и ќе го прочистат организмот.

Облик - КРУША

Леќа. Голема чинија манџа од леќа е полна со хранливи влакна и протеини кои го поттикнуваат метаболизмот. Ова е многу важно за жената чие тело е во облик на круша, бидејќи овие жени најчесто имаат  повеќе целулит.

Тестенини. Жените со тело во облик на круша треба да јадат тестенини од интегрално брашно. Тие се поздрава варијанта и не дебелеат.

Сардини. Треба да избегнувате да внесувате масна храна, а наместо тоа консумирајте повеќе протеини полни со омега 3 масни киселини кои ги има во сардината и останатите видови риба.

oblik na teloto 1Облик - ЈАБОЛКО

Морков. Ако имате облик на телото во форма најаболко, односно широки раменици  и широк струк, а тесни колкови, задолжително внесете повеќе морков во исхраната.

Папаја. Кога ќе посакате десерт изберете папаја. Полна е со витамин Ц, а калориите нема да се насоберат околу струкот.

Лосос. Протеините од лососот имаат помалку масти, а се одличен избор за вечера. Освен тоа одлични се и за Вашата кожа.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box