gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

bezobrazniМодерните девојки кои знаат да живеат и немаат страв да пробаат нови работи во однос со мажите мораат и да се држат до некои правила. Едно од нив е изреката на Саманта Џонс во серијата “Сексот и градот” а вели: “ Те сакам, ама себе си се сакам повеке” ! Ако се препознате во овие зборови, веројатно спаѓате во таканаречените безобразни непослушни девојки кои не сакаат љубовни врски затоа што уживаат во експериментите, меѓутоа и во оние кои го “вртат” посилниот пол околу малиот прст, внесувајќи малку емоции во однос со мажите.

Меѓутоа, и тука постојат правила на игра доколку сакате да бидете доследни. Еве некои од нив:

Носете свои кондоми
Должни сте да се заштитите себеси, меѓутоа и другите. Затоа немојте да се потпирате на сексуалниот партнер со надеж дека тој ќе се погрижи за заштита. Кога веќе знате што сакате, освен паричник, клучеви од стан, шминка, во чантата имајте и кондоми.

После сексот не очекувајте да Ви се јави.
Сте биле заедно, сексот бил одличен, а тој не се јавува. Нема причина да очекувате телефонски повик. Сте добиле страствена ноќ за паметење, повеќе не сте ни очекувале. Правите “безобразни девојки” одат понатака, нема каење, нема солзи, чекање за повик, а ни прашања од типот што кога ќе се јави.

Љубовниот живот чувајте го за себе
Иако понекогаш е тешко да се поверува, жените умеат да бидат најголем непријател на жената. Доколку на пријателките им признаете дека имате повеќе сексуални партнери истовремено, може да помислат дека не сте во состојба да пронајдете партнер кој би Ве сакал и посакувал само за себе. Или ќе Ве доживее како несигурна личност со малку самодоверба. Направете разлика помеѓу познанички и проверени пријателки. Овие вториве се многу малку, ама со нив можете да зборувате за се, без страв од неразбирање, презир или отфрлување.

Стоп за со оженетите
Иако страшно Ви се допаѓа неговиот физички изглед, дури и настојува да флертува со Вас, застанете доколку е оженет. Секогаш можете да најдете шармантен, згоден, и слободен маж кој што ќе Ви го даде максимумот. И под задолжително избегнување секс е со надредениот во фирма, затоа што кога еден ден ќе “пукне” љубовта, може да станете мета на трачеви на работното место, ако веќе не сте, а би можеле да останете и без работа. Играјте паметно !

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box