gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

losseksСекоја трета жена во некој период од животот, после сексуалниот чин се чувствува тажно, покажува истражувањето на австралиските научници. Иако после сексот обично се јавува чувство на опуштеност или среќа, околу 10% од жените скоро секогаш чувствуваат некоја голема тага.

“Во нормални услови, после сексуалниот однос се јавува опуштеност и телото е исполнето со пријатно чувство и задоволство, што доведува до психичка и физичка релаксација. Меѓутоа, кај некои жени после односот се јавува немир, анкциозност и тага. Ние сеуште не знаеме што жените ги доведува до такви чувства”, истакнува шефот на истражувачкиот тим Роберт Швајцер.

Според зборовите на експертите, причината може да се крие во претходните сексуални односи или во трауматичното прво сексуално искуство, што можеби создава чувство на вина, загуба, срам, меѓутоа потребни се дополнителни истражувања за да се докаже ова. “Веројатно постојат неколку фактори за такво чувство, од емотивни до биолошки”, заклучува Швајцер.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box