gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

idealenЛиста креирана на 22 години:
1. Згоден
2. Шармантен
3. Финансиски независен
4. Лукав
5. Во добра физичка форма
6. Облечен во стил
7. Да има префинет вкус
8. Внимателно да слуша се што ќе му зборувате
9. Полн со паметни изненадувања
10. Романтичен и имагинативен љубовник

Листа креирана на 32 години
1. Згоден(пожелно е да има коса на главата)
2. Да ја отвора вратата на автомобилот, да го потргнува столчето во ресторан
3. Да има доволно пари за излегувања и вечери по ресторани
4. Да се смее на Вашите шеги
5. Без приговор да ги носи кесите со намирници како и коферите
6. Да има најмалку една вратоврска
7. Повеќе да слуша отколку што ќе зборува
8. Да знае да ги цени Вашите кулинарски вештини
9. Да се сеќава на родендени и годишнини
10. Со романтичен гест да Ве изненади најмалку еднаш неделно

Листа направена на 42 години
1. Да не е премногу грд (малку ќелав е во ред)
2. Да вози само кога ќе влезете во автомобил
3. Да има постојана работа
4. Да потврдува со главата кога Вие ќе зборувате
5. Физички да биде способен да го движи мебелот низ станот
6. Да носи кошула која ќе му го прикрие стомакот
7. Да знае да купи добро вино
8. Правилно да ја користи даската во тоалетот
9. Да се бричи за викенд
10. Да ја забележува Вашата смисла за хумор

Листа направена на 52 години
1. Да ги средува влакната во носот и ушите
2. Да не зева и да не се чеша во јавност
3. Да не бара пари на заем многу често
4. Да не прераскажува еден виц по 100 пати
5. Да носи чорапи во пар и чиста долна облека
6. Физички да е подготвен да се симне од креветот кога е потребно
7. Да сака готови јадења
8. Да го запомнил Вашето име
9. Да се бричи повремено за викенд
10. Да не дреми додека Вие зборувате

Листа направена во 62 години
1. Да не се плашат мали деца од него
2. Да запомнил каде е тоалетот
3. Да не требаат многу пари за издржување
4. Да се сеќава за што се смее
5. Да може да стои самостојно
6. Во главно да е комплетно облечен
7. Да сака мека храна
8. Да знае каде ги остава забите
9. Да хрчи само помалку и тоа само кога спие
10. Да не го исклучува апаратчето за слушање само кога Вие сте во соба

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box