gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

skrsenoРечиси и да нема девојка која не поминала низ оваа дилема, затоа што раскинувањето не секогаш значи и крај, туку понекогаш и пауза, посебно кога емоциите се сеуште силни.

Вашиот бивш партнер посакува да му дадете уште една шанса, меѓутоа не сте сигурни дали би требало да се врати во Вашиот живот или не, судејќи по тоа дека Вашата врска завршила неславно.  Ако во моментов имате сличен проблем, можеби ќе Ви помогнат советите од францускиот брачен терапевт да го решите. Доколку Вие и Вашиот партнер сте останале во добри односи после раскинувањето, ако немало озборување и тешки зборови, тоа е знак дека сте го задржале меѓусебното почитување кое е предуслов за добри односи во врската.

Во спротивно, немојте да размислувате за продолжување на приказната, затоа што не сте емотивно зрели за тој предизвик. Пред да се впуштите во врска со поранешниот партнер, добро размислете за причините поради кои што сте раскинале. Искрено поразговарајте и пробајте да ги поправите грешките. Луѓето ретко се менуваат, ама љубовта сигурно е најдобрата причина да свртите нов лист во животот.skrsenosrce

Простувањето е голем предизвик за бившите партнери. Брачните терапевти советуваат, ако веќе се одлучите за продолжување на врската, пробајте да му простите на партнерот ако Ве повредил на било кој начин. Врската не може да има светла иднина ако во неа внесете злопамтило, рането срце и повредена суета.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box