Напишано од Eлена Вторник, 11 Јули 2017 00:00
Оваа сезона најпривлечна е белата боја, а главното парче облека е фустанот.
Го гледавме во колекциите на Dolce & Gabbana, Chloe, па дури и кај новата модна ѕвезда Викторија Бекам.
Она што е црното мало фустанче за во зима, за лето дефинитовно е малото бело фустанче. Секој може да изгледа модерно во бело, од ситните до заоблените девојки. Држете се до класичните правила за обликот на Вашето тело. В деколте е секогаш добар избор за девојки со раскошни облини, додека поситните девојки ќе изгледаат фантатично во фустанчиња со асиметрични кроеви. Каков и материјал да одберете, нема да погрешите, посебно ако се потрудите да добиете чоколадна боја.
Всушност фустанот не мора да биде краток, затоа што фустаните со макси должина исто така се хит ова лето. Кога се во прашање модните додатоци, најдобро е да ги одберете оние со интензивни бои, за да ја разбиете монотонијата.
Последни објавени во оваа категорија
- Бел фустан – задолжителен ова лето
- Второ издание на Fashion & Lifestyle Expo
- Златни правила за негување на кожата во текот на зимата
- Манекенка од Индонезија прогласена за топ модел на Азија во 2015
- Викторија Бекам ги отстрани тетоважите затоа што и пречат во работата
- Носат најскапи фустани и притоа заработуваат милиони