gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

zena-hrana55Стресот и менувањето на времето не се секогаш виновни за тоа што сте нерзони, или не можете да се сконцентрирате. Размислете дали би требало да промените некои навики во исхраната, бидејќи овие тегоби во голем број случаи се предизвикани поради неправилна исхрана.

Ако имате проблем со концентрација задолжително доручкувајте. Мозокот мора да прими порција глукоза за да функционира како што треба.

1. Нервозa

Причина: Мал внес на јаглехидрати

Истражувачите од технолошкиот факултет во Масачустес, откриле дека намалениот внес на јаглехидрати може да го намали нивото на сератонин - хормонот на среќата.

Решение: Јадете што повеќе интегрални намирници во секој оброк. Јаглехидратите смируваат бидејќи го одржуваат нивото на шеќер во крвта.

2.Слаба концентрација

Причина: Веројатно го прескокнувате појадокот.

Истражувачите од универзитетот во Бристол откриле дека луѓето кои избегнуваат појадок имаат проблеми со концентрацијата во текот на работата, особено во подоцнежните часови. Кога ќе се разбудиме мора да му дадеме на нашиот мозок глукоза или нешто слатко, за да тој функционира.

Решение: Јадете во првиот час откако ќе станете од спиење. Дoколку мислите дека е рано, изедете барем едно јаболко.

3. Проблеми со варењето

Причина: Внесувате малку намирници богат со влакна и не консумирате млечни производи.

Решение: Подобрете ја состојбата на Вашиот организам со тоа што ќе изедете 35 грама житарици, овошје и зеленчук дневно. Дoколку и понатаму не се чувствувате добро, дополнете го менито со повеќе млечни производи и сирење.

4. Опаѓање на косата
Причина: Малку калории во исхраната.

Ако внесувате помалку од 1.800 калории дневно, тоа знаи дека не внесувате доволно енергија и хранливи состојки кои се неопходни за регенерација на клетките на косата.

Решение: Никогаш не внесувајте помалку од 1800 калории дневнo. Се' помалку од тоа може да и штети накосата и на мускулите.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box