Напишано од Deko Вторник, 30 Август 2011 07:15
Доколку сакате да направите нешто за своето здравје, денот почнете го со безмасен, но хранлив оброк.
Нутриционистите препорачуваат овесни снегулки како најздрава опција. Не само што ќе си осигурате доволно сила за добар почеток на денот, туку овесните снегулки се одлични и за Вашето срце.
Тие се лесни за подготовка, а содржат бета глукан, високовредни влакна кои се топат во водата, со што се снижува холестеролот и ја блокираат апсорпцијата на масти во цревата. Влакната присутни во овесот го забавуваат варењето на јаглехидратите, со што се намалува и шеќерот во крвта па не доаѓа до напади на глад.
Освен тоа, јадењето овесни снегулки дава повеќе ситост од било која друга намирница, што е особено важно доколку сакате да се ослободите од вишокот килограми.
Исто така, фитохемикалиите во овесот докажано го намалуваат ризикот од рак, а поради ниското ниво на натриум дејствуваат и на намалување на крвниот притисок.