Напишано од Deko Понеделник, 19 Септември 2011 11:07
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), околу 30 отсто од популацијата страда од различни проблеми со вените.
Вените се крвни садови кои ја враќаат крвта од капиларите кон срцето (во обратна насока во однос на артериите). Венскиот систем кај човекот се состои од површински и длабоки вени, кои се споени со системот на спојни вени. Кога станува збор за проширените вени се мисли токму на површинските вени кои се наоѓаат под самата кожа.
Проширените вени се јавуваат при:
- долготрајно седење, стоење или носење високи потпетици
- при бременост или прекумерна телесна тежина –предизвикува нарушување во циркулацијата на крвта во нозете
- носење тесна облека или прекрстување на нозете премногу долго - може да ја ограничи крвта во нозете
- пушење, висок холестерол, висок крвен притисок – предизвикува оштетување на вените
- историја на тешки нозе во семејството – укажува на генетска поврзаност
- спортување – кога правите вежби со стоење, циркулацијата на крвта во нозете е прекината, што резултира со недостаток на нова крв во мускулите на листовите.
Повеќето пациенти со венски заболувања не ја сфаќаат сериозноста на својата состојба. Значајната зачестеност на венските заболувања , неправилното лекување и лошите резултати придонесуваат на значајната појава на инвалидитет, честите отсуствувања од работа и неможноста на извршување на поедини професии, особено оние кои бараат долготрајно стоење.
Решението за проблемите, болките и отоците во нозете, побарајте го во Троксевазин ( капсули или гел). Троксевазин од Актавис содржи актвина состојка троксерутин - флавоноид, кој ја намалува пропустливоста на вените и има противвоспалително дејство на околните ткива. Затоа Троксевазин е Ваш избор при: -оток -замор -тежина -болки во нозете кои се јавуваат при проширени вени. |