Напишано од Deko Понеделник, 07 Ноември 2011 10:13
Што е она што ги привлекува мажите?
Ова е вечна тема која ги опседнува и слободните жени кои се во потрага по оној вистинскиот и оние во врска или во брак. Сите жени сакаат да знаат што е она што ги привлекува мажите.
Сите мажи се различни и сакаат различни нешта кај жените, но следниве 10 особини, секој маж посакува да ги има нивната избраничка.
1. Опуштеност. На мажите им е полесно да и пријдат на опуштена жена. Тоа е особено важно на почетокот на врската, но и при запознавањето на неговите пријатели и семејството. Секој сака да биде во друштво на опуштена личност.
2.Смисла за хумор. Жените кои често се смеат се попривлечни. Подготвеноста за шегување, особено на сопствена сметка, покажува дека станува збор за личност која е интересно друштво.
3. Самоувереност. Арогантност, замисленост и нападносто однесување ги одбиваат мажите, додека жената која е задоволна со својот живот едноставно зрачи и ги привлекува мажите. Таа нема потреба своето внимание исклучиво да го посвети нему и покажува дека знае да се забавува и во друштво, но и сама.
4. Независност и самостојност. Мажите ги привлекуваат жени кои се самостојни, жени кои и пред него имале сопствен живот и кои не сметаат дека нивниот живот е празен додека не го сретнат вистинскиот партнер. Ова му покажува на мажот дека таа нема да се залепи за него и одеднаш ќе стане беспомошна.
5.Грижа за својот физички изглед. Иако мажите ги привлекуваат жени кои одлично изгледаат, многу жени претеруваат со грижата за својот физички изглед, па дури и се оптеретуваат со тоа и изгледаат нападно. Е токму тоа не им се допаѓа на мажите. За да му се допаднете на некој нема потреба секој ден да изгледате како да сте излегле од модно списание, но секако тоа не значи дека и треба да се запуштите.
6.Потпора и разбирање. Мажот не сака жената да се согласува со се што тој мисли, туку таа да е подготвена да го слуша и да ги прифати неговите ставови и мислења. Мажите во жената не бараат мајка, но ја ценат грижата и нежноста во секојдневниот живот.
7.Искреност и лојалност. Мажот сака покрај себе жена која ќе му биде и најдобар пријател. Тој сака жена на која може да се потпре и во најтешките животни ситуации.
8.Слични интереси. Точно дека спортивностите се привлекуваат и можат да го направат животот интересен и позабавен доколку двајцата партнери се подготвени да испробуваат нови нешта. Но, точно и дека слични интереси може да зближат двајца луѓе и ќе го збогатат заедничкиот живот.
9.Таа не превзема прв чекор. За ова правилно многу се зборува, и на модерните жени им е тешко да го прифатат тоа. Но, експертите за врски и брак се почесто ова правило го ставаат како задолжително, и тоа со образложение дека мажите во душа всушност се ловци, и дека сепак нивна е улогата први да превземат прв чекор.
10. Секси, но не на нападен начин. Сексапилот е карактеристика која многу ја сакаат мажите. Сите тие сакаат, гледаат и посакуваат секси жена. Но жена која ќе му се допадне на мажот и со која тој ќе сака да биде во врска, сепак не смее да ги премине границите на добар вкус.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила