Напишано од Deko Петок, 11 Ноември 2011 15:26
Заразната „шпанска треска“ кај нас започна во деведесетите години, кога за прв пат МТВ откупи шпанска серија, добропознатата на сите нас „Касандра“.
За нејзината популарност нема да пишуваме бидејќи добро ви е познато што Касандра предизвика кај нашата публика, и дека во тие 40тина минути на нејзиното емитување улиците беа празни, а следниот ден, првиот муабет на работа и на училиште беше прераскажување на последната епизода и прогнозирање што ќе се случи понатаму.
Откако „Касандра“ ги освои гледачите пред ТВ екраните се појавуваа и Есмералда, Росалинда, Љубовни врски, Марисол, Злобница, Дивиот ангел, Богати и славни и стотина други серии.
Сега ќе се навратиме малку во времето кога шпанските серии „владееја“ на ТВ екраните, и ќе видиме како некогашните убавици, кои ги имаа главните улоги, изгледаат сега, 10тина и повеќе години подоцна.
Започнуваме секако со Кораима Торес која ја имаше улограта на Касандра.
КОРАИМА ТОРЕС
Како Касандра:
И сега - на 38 години:
„Касандра“ (1991-1992) е венецуелска Тв новела. Сценариото е на Делија Фиало, а главните улоги ги толкуваа Кораима Торес како Касандра, и Освалдо Риос како Игнасио. Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128).
ЛУСЕРО
Како близначките:
И сега - на 42 години:
Лусеро ја запознавме во серијата „Љубовни врски“ каде имаше тројна улога, ги глумеше близначките Марија Гвадалупе, Марија Пола и Марија Фернанда. Серијата е снимена во Мексико во 1996 година, а во 1997 година на мексиканските ТВ и Новеле Награди, ја освои наградата за најдобра теленовела.
ЛЕТИЦИЈА КАЛДЕРОН
Како Есмералда:
И сега - на 43 години:
„Есмералда“ е исто така една од најпопуларните мексикански теленовели. Снимена е во Мексико во 1997 година, а кај нас се прикажуваше во 1999. И оваа серија има добиено награда за серија на годината. Улогата на Есмералда е на актерката Летиција Калдерон, а нејзин партнер беше Фернандо Колунга.
ГАБРИЕЛА СПАНИЌ
Како Паулина и Паола:
И сега - на 38 години:
Теленовелата „Злобница“ е снимена во 1998 година, а во главните улоги ги видовме Габриела Спаниќ која играше двојна улога, а нејзин партнер беше Фернандо Колунга.
После „Злобница“ Габриела Спаниќ имавме шанса да ја видиме и во повеќе други шпански серии.
Последни објавени во оваа категорија
- НОВО ЛОГО, НОВА ВЕБ-СТРАНИЦА „МЕГАВИН.МК“
- Државна лотарија отвори своја нова мегазабавна интернет-плаформа MEGAWIN.MK
- Компанијата Вивакс пред светската публика на Ануга 2023
- Од Македонија низ светот секаде се користи овошната каша од вишна од Компанијата Вивакс
- На снимање на кампањата за Вива соковите
- Летото може да започне