gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Зимата е идеално годишно време да заблескате. Еве неколку предлози:

Впечатливи чевли – Зимските модни комбинации воглавно го сочинуваат класични парчиња облека, што значи ќе преовладуваат црна, сива, кафена и бела боја. Монотонијата може да ја разбиете со удобни чевли со светкави елементи, или чевли во некоја впечатлива боја.

Разнобоен накит – Осмелете се да експериментирате – накитот во неутрални бои заменете го со алки, ланчиња и обетки со впечатливи бои, како што се црвена, жолта, зелена и виолетова.

Проѕирни материјали – Проѕирните материјали не треба да значи дека се носат само во лето. Ваквите парчиња облека може успешно да ги носите и во зимските месеци, но само доколку правилно ги искомбинирате со топли џемпери или елечиња. Проѕирна кошула на вашата модна комбинација ќе и даде нота на гламур.

Светкав лак за нокти – Оваа сезона во тренд се лакови со крупни и ситни светки. Може да ги нанесете самостојно, или во комбинација со еднобоен лак кој ќе го користите како основа. Доколку сте похрабри, може да експериментирате и со две нијанси на светкави лакови.

Светкави блузи – Вештачките материјали како лурекс се повторно актуелни на модната сцена, а може да се носат и во ноќна и во дневна варијанта. Остатокот од облеката треба да биде во неутрална боја, за да не изгледате како новогодишна елка.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box