gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Битолската рок атракција Паркети деновиве има многу поводи за славење, имено точно пред 20 години на денот на независноста 8-ми септември, младите битолчани, кои сакале да создаваат рок $ рол музика, ама притоа да останат некомерцијални, го избрале името на групата - ПАРКЕТИ, вториот повод е тоа што заедно со промоцијата на видео записот за макфестовската Фајронт, го најавуваат и својот втор официјален албум, ама прв со вакво ексклузивно издание и последниот, ама не и помалку важен повод за славење е потпишувањето на договорот за соработка со Горила продукција.

„ За  макфестовската песна Фајронт, која и се допадна на публиката, снимивме спот, кој го режираше Дарио Јанковиќ, останувајќи доследни на својот некомерцијален пристап, спотот е снимен со минимални трошоци, во само  една соба на куќа стара 100 години, која некогаш била конзулат. За првпат зедовме женски статистки, кои сепак во видео записот имаат споредни улоги, затоа што ние сме главните “- вели Сашо Паркет.

Од Горила продукција најавуваат уште неколку видео записи за песните од новиот албум на Паркети, кој ќе биде промовиран до крајот на годината, додавајќи:

„ Паркети се бенд кој заслужува поголемо внимание од целокупната јавност, не само заради нивната две децениска активна работа на македонската рок сцена, туку и заради тоа што се секогаш единствени и посебни, а во исто време и многу поинакви од се друго кај нас. Се одлучивме да ги земеме под наша закрила, обезбедувајќи им можност да создаваат нови хитови, а ние ќе се погрижиме за се друго околу нивната кариера, па зошто не и голем концерт“- изјавија од Горила.

 По првиот албум со атрактивен наслов „Мамо не му кажувај на тато“новиот ќе содржи 12 композиции, како и Фајронт, како бонус трака, целиот албум ќе биде испечатен во мал ексклузивен тираж, кој е пратен на мастеринг во Германија.

Меѓу песните ќе се најдат и старите добри хитови на Паркети, Шеќерна, Муви, Шампон за вошки, како и ремикс на Бал, албумот ќе биде промовиран пред Нова година, како новогодишен подарок за сите нивни фанови, а тогаш ќе го дознаеме и името на вториот албум, кој како што најавува Сашо Паркет, нема да биде помалку атрактивно од претходното.

Еве го најновото видео за песната „Фајронт“:

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode