Напишано од Deko Среда, 08 Февруари 2012 11:14
Ѓоко Танески сними спот за песната „Ко да не е крај“ и за англиската верзија „I want to break it up”. Спотовите се снимени пред крајот на 2011та година на локации во Скопје и Прилеп.
„Ко да не е крај“ беше изведена на Охрид Фест 2011 година, аранжманот и музиката ги направи Зоран Алексич, додека пак за текстот се потпиша Огне Неделковски. Песната исто така доби награда за најдобар текст на последниот Радиски фестивал – МАРС 2011.
Во текот на месецов Ѓоко заедно со неговиот бенд и дополнителна придружба од музичари ќе го изработи својот прв студиски анплакт концерт во соработка и во организација на МТВ, а во моментов секојдневно одржува проби со целиот состав музичари кои ќе работат на овој проект.