Напишано од Deko Понеделник, 20 Февруари 2012 11:02
Мажите не се многу сложени суштества, па не е многу тешко да откриете според неговото однесување дали тој ве сака или не. Но, доколку не сте баш сигурни во себе и во неговите чувства кон вас, ви нудиме 5 факти кои ќе ве насочат на тоа дали тој ве сака или не.
1. Обрнете внимание на неговото однесување. Заљубените мажи е лесно да ги препознаете . Човек кој сака, ќе излезе од својата рутина и ќе прави невообичаени нешта за да покаже дека е заинтересиран за некого. Така на пример, можеби ќе го истетовира вашето име, ќе ви подари шише со вашиот омилен пијалак, ќе сака да биде во друштво на вашето семејство.
2. Обрнете внимание на негоиот говор на телото. Ако е немирен, ако цело време изгледа како да му е досадно, нон-стоп го проверува мобилниот телефон, тоа би требало да е знак дека не е заљубен во вас. Вљубениот маж ќе се ангажира околу вас, ќе ве гледа директно во очи (освен ако не е многу срамежлив па секогаш кога ќе ви се сретнат погледите ќе ја врти главата на страна), ќе се потруди што почесто да ви ја допре раката, рамениците или косата, и ќе се насмевне секогаш кога и вие ќе се насмеете. Вљубениот човек го чувствува вашиот ритам, и едноставно се однесува како ваш одраз во огледалото.
3.Тестирајте го, фрлете му мамка. Секогаш е најдобро да го пуштите или да го наведете мажот тој прв да ви изјави љубов. Но, ако тоа не се случи можете да го оцените неговото ниво на заинтересираност со безизлезни коментари кои би ги откриле неговите намери за иднината. Ако не можете да го убедите да дојде со вас на забава за месец дена, тоа е лош знак. Но, ако ве праша дали сакате да одите со него на одмор, тоа значи дека тој ве има во своите планови и дека навистина му значите.
4. Почуствувајте го неговиот допир. Човекот кој ве сака ќе сака нежно да ве допре по лицето или косата. Знајте дека доколку не сте му важна тој нема да се препушти на такви нежни допири.
5. Слушајте го совето срце. Вие длабоко во себе ќе знаете дали тој ве сака. Понекогаш најтешко ни паѓа некого кој не не' сака да го исфрлиме од животот. Сите ние толку многу сакаме да бидеме сакани па често им ги сервираме нашите чувства на луѓе кои не го заслуживаат тоа. Ако често страдате поради некого, знајте дека тој ниту ве сака, ниту ве заслужива.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер
Најчитани во оваа категорија
- Како да знаете дека ТОЈ ВЕ САКА
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- 10 квалитети кои мажите ги бараат кај жената
- Секси поза која ја сакаат 89% од мажите
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- Како функционира машкиот мозок: 3 тајни кои науката не ги објаснила