gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Официјално најавено и третото издание на џез фестивалот во Кавадарци, кое оваа година честа да го отворат им приапдна на триото „Ѓорѓи Шаревски” заедно со познатиот италијански саксафонист Франческо Беарцати, и бендот на Зафир Хаџиманов. Фестивалот ќе се одржи во манастирскиот комплекс „Свети Никола” и ќе трае од од 24 до 26 август.

За втората вечер од фестивалот предвидено е да биде во духот на  поезијата, музиката и танцот со познатата француска тромбонистка Мари Петров, афирмираниот басист и композитор Петар Херберт од Австрија, неговата сонародничка пејачка и перкусионистка Арабел Карајан и познатата Маргот Д Орлеанс, француската танц дива. Кулминацијата ќе биде со настапот на фантастичното „Баце, трио, Љуартет, Љуинтет” и нивната неограничена и отворена музика, рече Темков. 

Додека пак третата фестивалска вечер ќе стартува со настапот на Петар Херберт и Ѓорѓи Дончев, контрабасисти. Продолжението на џез вечерта ќе биде со настапот на „Марие Петров Љуартет”. 

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode