gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

„Блуз и соул-фестивал 2012“ ја продолжува својата традиција со новото издание кое ќе се одржи на 18 и на 19 септември во Универзалната сала во Скопје.

Од Дирекцијата за култура и уметност, која и оваа година се јавува како организатор, на прес-конференција истакнаа дека и овој пат публиката ќе има можност да ужива во две фестивалски вечери со добра свирка.

Фестивалот ќе го отвори македонскиот блуз-гитарист Игор Атанасовски, познат како Харе, кој овој пат ќе настапи со својот бенд, и клавијатуристот Петар Лукиќ. Тие ќе се претстават со нови песни кои ќе се најдат на албумот насловен „Мафе дел Хар“.

Истата вечер на сцената во Универзалната сала ќе настапи и американскиот вокалист и гитарист Маркус Мелоун, еден од најпознатите експоненти на ритам и блузот.

Втората вечер на Фестивалот ќе биде посветена на Џими Хендрикс, музичарот што го трасираше патот на блуз-рокот. Ќе настапат американскиот гитарист Стен Скиби и неговиот бенд и шведскиот бенд наречен „Дак кен грув“, оформен во 2000 година, а предводен од гитаристот Стефан Едфелдт, чија основна цел е оддавање почит кон големиот американски гитарист.

Во деновите на одржувањето на Фестивалот ќе се организира и музичка работилница со американскиот гитарист Стен Скиби.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode