gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Со тридневна музичка меѓународна конференција која го заокружува проектот „Музика без граници” и под веќе добро познатото мото „Преврти го Скопје наопаку“, денеска почнува 14. издание на интернационалниот фестивал „Таксират“.

Преку 40 концерти на млади бендови и настапи на врвни музички имиња од светската сцена, се само дел од предвиената програма.

Како што најавија организаторите, конференцијата ќе биде посветена на светски актуелни теми од музичка индустрија и култура, културниот развој и активизам. Најавено е присуство на 400 гости и одржување 20 панел дискусии. Предвидено е и гостување на Драмски театар со претставата „Последните Македонци“, како и поставување на изложбата што почна минатата година.

Настапите на младите бендови ќе се одржуваат викендов на повеќе локации, во Домот на АРМ, клубовите „Хавана“ и „Колосеум“, како и во кината „Вардар 1“ и „Вардар 2“ што ќе бидат специјално отворени за оваа намена. Влезот за сите е бесплатен, освен за оние во „Хавана“ и „Колосеум“ кои ќе чинат по 100 денари.

Први декември е резервиран за традиционалниот „Позитивен концерт” на кој најактивната македонска „банда инструментале“ Суперхикс ќе го прослави своето полнолетство - 18 години постоење и ќе го промовира новиот албум „Африка”. Главната фестивалска вечер е закажана за 8 декември кога на сцената на „Метролис Арена“ ќе се појават Скиндред, Че Судака, Чиста Околина, Тања Стивенс, Паров Стелар, Кирил Џајковски и Ван Гог.

Стивенс, една од највлијателните женски реге артисти, ќе настапи со 12-член состав, додека Скиндред кои моментно се на турнеја низ САД, прават исклучок и доаѓаат во Македонија за да гостуваат на „Таксират“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode