gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Во преполниот клуб „Колосеум“, пред повеќе од 1.500 фанови, синоќа, во рамки на фестивалот „Таксират“, францускиот состав, арт-феноменот „Нувел Ваг“ покажа дека е подготвен секој пат да приреди поинакво, уникатно искуство.

„Нувел Ваг“ предводен од Марк Колин со поддршка на вокалите Мелани Пен и Лисет Але, ја потсети публиката зошто не може да одолее на нивниот сензуален шарм.

„Нувел Ваг“ на „Таксират“ дојде со целосно нов музичко-сценски перформанс „Dawn of innocence” кој го осмисли познатиот француски костимограф Жан Шарл де Кастелбажак, но и со препознатливата француска енергија кој никого не остава рамнодушен.

Ексклузивноста на сценскиот настап беше засилена и со една од најпознатите танчерки на кабарето „Крејзи Хорс“ во Париз, Зула Зазоу која заедно со „Нувел Ваг“ одржа двочасовен сценско-музички перформанс.

Следниот концерт на „Таксират“ е закажан за сабота, 1 декември. Настапуваат „Суперхикс“ кои ќе одбележат и 18 години постоење.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode