Напишано од Надица Среда, 05 Декември 2012 16:47
Еден од омилените пејачи во поп музиката Сергеј Четковиќ, за денот на вљубените наредната година ќе има концерт во Комбанк Арена или Белградска арена.
После, скоро три години, Сергеј подготвува ново изненадување за својата публика на 14 февруари 2013 година во Арена.
Ова ќе биде втор настап на популарниот пејач во најголемата хала во Белград.
Инаку наскоро од Сергеј се очекува нова песна, нов сингл, кој само ќе го најави големиот концерт и нов шести по ред студиски албум кој е планиран за 2013 година.