Напишано од Надица Среда, 05 Декември 2012 16:18
Легендарната хрватска дива Јосипа Лисац доаѓа во Скопје по повод 40-годишнината од објавувањето на нејзиниот познат албум „Дневник једне љубави“. Нејзиниот голем концерт е закажан на 16 февруари во Универзална сала, а е во организација на „Авалон продукција“.
Влезниците за концертот се веќе пуштени во продажба по цена од 600 и 800 денари“,а можат да се купат во „Пола Југотон“, билетарницата на Универзалната сала и во цвеќарницата „Розе“ во „Веро 2“.
Јосипа Лисац, позната по нејзиниот оригинален глас и моќна интерпретација, на балканските простори се наметна како доказ дека индивидуалното и квалитетно изразување на уметничкиот сензибилитет може да бидат неисцрпен извор за правење музика.
Нека не ви раскажуваат бидете дел од големиот концерт на хрватска дива Јосипа Лисац на 16 февруари во Универзална сала.