gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Хрватскиот бенд Прљаво Казалиште, после пауза од повеќе од 20 години ќе настапи во белградската Арена на 22-ри декември. Основачот и лидер на беднот, Јасенко Хоура изјавил дека обврска на членовите на бендот е да им го дадат на публиката најдоброто од нив, свирејќи каде било во светот, па така и на просторите на поранешна Југославија.

Прљаво Казалиште во текот на долгогодишната кариера има објавено 14 студиски албуми, а меѓу нив се и „Златне године“, „Зауставите земљу“, „Деведесета“, а актуелниот албум кој беше промовиран неодамна – „Можда догодине“. Во однос на песните кои ќе ги изведуваат на концертите, Хоура објаснил дека изборот им го препуштиле на фановите на социјалната мрежа Фејсбук: „Ние едноставно им препуштивме на нашите членови на Фејсбук, кои ги има околу 170 000, да направат листа на песни кои би сакале да ги чујат на концертите, така што листата нема да се менува или ќе се измени незабележливо, бидејќи концептот на целиот концерт е во времетраење од 2 часа и можни се многу мали измени во репертоарот“ – додал тој.

Бендот веќе ја започна турнејата, па важни промени на оваа турнеја нема да има. Како и на концертите кои веќе се одржани во Германија и Швајцарија, таква ќе биде програмата и во Белград и во сите други градови кадешто ќе настапуваме“ – објаснил Хоура, кој исто така најави дека во план е да се завршат повеќе од 20 песни во февруари, а кога точно ќе бидат објавени, сè уште не се знае. Турнејата ќе трае до крајот на 2013 година, па можеби ќе ги видиме и во Македонија.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode