gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Машкиот пол тешко поднесува кога нивните жени заработуваат повеќе од нив, а новото истражување покажа дека тоа може да предизвика и проблеми во спалната соба.

Истражувањето откри дека мажите кои заработуваат помалку од нивните сопруги често користат виагра и слични лекови. Истражувачите не се сигурни која е вистинската причина, но се сомневаат дека гордоста, лутењето и фрустрацијата играат голема улога.

Истражувањето го направија истражувачи од Данска и САД на примерок од 200.000 брачни двојки. Виаграта, како и другите лекови за импотенција, многу се популарни во домовите каде жените заработуваат повеќе од мажите, дури и во семејствата каде жените имаат незначително поголема плата.

- Дури и малите разлики во износот на платата се поврзани со ерективната дисфункција, се наведува во истражувањето.

Овој феномен не е присутен кај двојките каде жената заработувала повеќе од мажот од самиот почеток на врската.

- Сексуалната желба на мажот е поврзана со културалните и социјалните фактори како патријархатот, парите и социјалните врски. Кога ќе дојде до нарушување во тие традиционални ставки доаѓа до редуцирање на сексуалната желба или дисфункција, се наведува во истражувањето.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box