gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

После 46 години брак, еден посветен маж се потрудил неговата жена да ја почувствува неговата љубов дури и после неговата смрт, на начин кој навистина ретко се сретнува во вистинскиот живот.

Во писмото кое го испратила до едно списание, 68-годишната Су Џонсон од Хјустон опиша како од нејзинито починат маж доживеала неверојатно изненадување за еден Ден на вљубените.

- Мојот мил маж Џон и јас бевме венчани 46 години. На секој Ден на вљубените ми испраќаше најубаво цвеќе со порака која имала пет едноставни зборови: „Мојата љубов кон тебе расте“. Четири деца, 46 букети и живот исполнет со љубов беше неговото наследство кое ми го остави кога почина пред две години.

На првиот Ден на вљубените кога бев сама, десет месеци откако го изгубив, бев шокирана кога добив преубав букет на моја адреса... од Џон. Лута и со скршено срце, се јавив во цвеќарницата да им кажам дека погрешиле.

Цвеќарот ми одговори: - Не госпоѓо, тоа не е грешка. Пред да почине, вашиот маж однапред плати за многу години и бараше да гарантираме дека ќе продолжите да добивате букет на секој Ден на вљубените. 

Со срцето во грло, ја спуштив слушалката и прочитав што пишуваше на картичката. Пишуваше „Мојата љубов за тебе е вечна“.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box