gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

На кинеските власти им пречи тоа што повеќе млади жени не влегуваат во брачна заедница ниту во доцните дваесети години.

Комунистичката влада му наложи на националното феминистичко здружение низ медиумските написи да ги поттикне жените на возраст меѓу 27 и 30 години да најдат партнер за брак, иако таквите жени кои се образовани и живеат во градските средини, а не се во брак, се се повеќе.

- На убавите девојки не им треба многу образование за да се омажат за богат маж. Но, девојките со просечен или лош изглед тешко наоѓаат животен сопатник затоа што се непосакувани, се наведува во еден од таквите наменски написи.

Таквите ставови доведоа до масовно негодување, првенствено меѓу младите и амбициозни жени, но кинеските власти инститстираат на тоа дека семејство треба да се формира што порано.

Селективните абортуси поради политиката едно дете,  доведоа до неурамнотеженост меѓу машката и женската популација, иако според статистиката на 100 девојчиња се раѓаат 118 момчиња. Политиката на едно дете беше наложена поради фактот што Кина има 1,3 милијарди жители и мораше на тој начин да се сопре зголемувањето на населението, пишува „Дејли Мејл“.

Но, Владата сега е загрижена заради големите групи невенчани мажи, што би можело да доведе до сериозни последици во општеството. Американските експерти истакнуваат дека кинеската Влада уште од 2007 година почнала да ги стигматизира образовните жени во доцните 20 и 30 години и дека сега тој притисок дополнително е зајакнат.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box