gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Науката го потврди она од што голем број од луѓето се плашеа -најдобар афродизијак на светот се парите.

Лицата кои немаат грижи поради својата финансиска ситуација повеќе уживаат во сексот отколку лицата кои се грижат околу парите.

Научниците од Универзитетот Њукасл неодамна утврдиле дека зачестеноста на женските оргазми растела со приходите на партнерот.

Дури 63 отсто богати мажи кажале дека богатството им „овозможило подобар секс“. Меѓутоа, треба да се напомене дека нивната дефицинија за подобар секс подразбирала повеќе секс со повеќе девојки.

Сепак, интересно е дека и 88 проценти од жените потврдиле дека парите им го направиле сексот подобар, односно поквалитетен, вели експертот Роберт Франк.

Суштината е дека парите ќе ве ослободат од грижите и ќе ве опуштат, што е еден од патиштата за подобар секс, сметаат експертите.

Тие, меѓутоа, додаваат оти сето тоа е привремено. Имено, научниците велат дека парите ги менуваат луѓето и дека богаташите ќе се однесуваат нечесно.

Често се такви и кон партнерите па е поголема шансата за изневерување.

Научници од Универзитетот Ворвик во Англија откриле, пак, дека сексот за 99 отсто од луѓето ќе донесе повеќе среќа од парите.

Меѓутоа, сексот не ги задоволува нашите психолошки потреби за интимност и емоционални врски, велат психолозите.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box