gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Тие се шармантно секси и неизбежно е нивниот флертувачки став и наглата раздразливост да ве врати во старите добри времиња.

Не е лесно со Балканците!

Нашите мажи секогаш се во право, нивниот збор е последен, сакаат да ве тестираат на секој чекор и секако умираат од најобична кивавица. Еве неколку практични совети како да се забавувате со еден од нив. Во својот блог Силвија Валенсија го пренесува својот став за балканските мажи и како да се однесувате кога се во врска со Балканец.

- Да бидеме искрени, тие се шармантно секси и неизбежно е нивниот флертувачки став и наглата раздразливост да ве врати во старите добри времиња во детските градинки, кога момчињата ги плукаа девојчињата кои им се допаѓаа, а девојчињата се лутеа, но тоа скришно им се допаѓаше. Нивната хронична непријатност со сите во животот е само глума и што е поважно предизвик. Како целина, тие се дефинитивно згодни и неодоливи мажи, но немојте да се лажете, тие исто така се најтешки луѓе на оваа планета - пишува Силвија.

Бидете злобни
Додека повеќето луѓе реагираат на флерт, балканскиот маж сака поголем предизвик. Ако на почеток покажете дека сте заинтересирани, тогаш неговата покана да излезете во град (кога веќе знае дека ви се допаѓа) ќе значи дека тој се покорил на вашите барања, а тоа за него е неприфатливо.
Задоволете го неговиот натпреварувачки карактер така што ќе му дозволите да мисли дека освоил. Колку сте погруби, тој ќе биде се повеќе заинтересиран.

Збунете го
Тој ќе сака потврда дека ви се допаѓа, но откако ќе ја добие, ќе се преправа дека не му се допаѓате.
Затоа правете се дека не сте заинтересирани, тестирајте го неговото трпение. Тој не го очекува ова, бидејќи мисли дека ве уловил. Кога ќе завршат сите фази на тагување повторно ќе се врати на почеток и ќе очекува нов предизвик. Освен што овој пат знае дека мислите сериозно.

Бидете внимателни
Сега кога ве има, ова момче сериозно ќе го тестира вашето трпение. Неговата чудна смисла за хумор ќе го поттикне да ве нервира до крајни граници, само да може да се смее кога ќе се налутите. Во неговиот ум тој го тестира вашето ниво на толеранција. (Тој мисли дека прави легитимно истражување). Всушност, единствена цел на ова е тој да се забавува, па така немојте да го сфатите сериозно.

Соберете алкохол
Ако сте во врска со балкански маж, ќе доживувате крај на светот неколку пати годишно (главно во текот на сезоната на грип). Тоа е така бидејќи кога балканскиот маж ќе настине, тој мисли дека умира. Најдобро што можете да направите е да имате ракија и згреано вино во доволна количина. Неговите теории на заговори за медицинската индустрија ќе го натера да одбие секаков лек, а ако имате вино и ракија неговото пијано дремење ќе го замолчи во ваша корист.

Тој е секогаш во право
Освен кога не е во право, но кога не е во право не може да знае дека не е во право бидејќи ќе биде лошо расположен до крајот на животот. Нека мисли дека е во право, без оглед на се. Тоа е едноставно најлесниот начин.

Не го хранете со зеленчук
Тој ќе мисли дека се обидувате да го прегладните до смрт и ќе престане да ви верува. Ако од некоја причина сакате да го нахраните со повеќе зеленчук, сокријте го во чорба или додајте го во салата која ќе ја послужите со месо. Слично на тоа, ако мора да биде на диета, немојте да му кажете дека е на диета, бидејќи ќе се појавува гримаса на неговото лице. Само бидете креативни.

Најдете рамнотежа
Рамнотежа за што? Па, балканскиот маж очекува од жената да биде традиционална, а сепак и модерна мајка со осум деца со перфектно стегнато тело.
Нешто меѓу девојка која е како неговата мајка и девојка која неговата мајка никогаш не би ја одобрила, меѓу девојка во неволја и фам фатал, девојка која прави супер бурек но е и порно ѕвезда, образована, но не доволно образована да го негира неговото мислење, доволно покорна да направи да се чувствува како маж, но не покорна до таа мера да го елиминира предизвикот.
Одржете го предизвикот, освен ако тој тоа навистина го мисли, тогаш немојте да го предизвикувате. Или направете го тоа. Не знам... или бидете свои. И кога тој ќе сфати дека веројатно сте единственото лице кое сака да биде со него, тој ќе ве прифати таква каква што сте, бидејќи не сака да умре сам.

Согласувајте се со неговата мајка
Но не премногу, бидејќи ќе се чувствува дека сте заедно против него и ќе се побуни против двете. Без оглед, тој е балкански маж и ја сака својата мамичка, така со неа бидете фини.
Ако е таа фина со вас, тоа е бонус, но тоа не доаѓа под дифолт. На крај на краиштата, вие сте го украле нејзиното бебе и не знаете да пеглате. Таа има право да ве мрази.

Стратешки постапете во своите битки
Додека повеќето мажи се чувствуваат виновни кога знаат дека сте лути на нив, балканските мажи се сосема поинакви. Без оглед на причината, тоа што вие сте лути на нив, ќе се претвори во тоа дека тие се лути на вас поради тоа што вие му се лутите.
За да успеете во борбата со неговата комплицирана природа, вашиот гнев кон него треба да биде поделен во три категории и така да го победите.

Потсвесна борба
Ако сте само малку лути на него и чувствувате дека причината не е вредна за голема расправија која секако ќе се случи, сокријте му го далечинскиот управувач.

Тивок третман
Ова е кога сте лути на него, но не доволно лути да почнете војна со него. Од тивкиот третман вистински ќе полуди бидејќи тогаш е во непредвидлива фаза, а непредвидливоста укажува дека ја загубил контролата.

Убиство
Наспроти името на оваа категорија, нема да го убиете. Само ќе го полудите од гнев до таа мера што тој ќе мисли дека ќе го убиете. Ова е всушност единствен начин да се расправате со маж од Балканот, затоа што единствен начин што ќе го натера нешто да сфати е да биде исплашен. Натерајте го да се плаши за вашиот здрав разум или недостиг на здрав разум и тој ќе научи побрзо од што мислите.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box