gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Истражувачите од порталот   Survive Her Affair (Преживејте го нејзиното неверство)  испитаа 1.500 мажи кои се изневерени, од кои 71 отсто изјавиле дека ја сакаат својата жена и покрај неверството.

Дури 92 отсто од измамените мажи рекле дека сакаат да го сочуваат својот брак или се неодлучни.

Истражувањето од 2012 година спроведено од порталот OurTime.com покажа дека најмалку 42 проценти од возрасните работеле на врската со партнерот кој извршил сексуално неверство.

Експертите советуваат доколку се одлучите да му го простите неверството на партнерот да го направите следното:

1. Договорете се
Одредете време кое ќе го посветите на вашата врска. Лицето кое извршило неверство треба да го прекине секој контакт со лицето со кое тоа го направило.

2. Упатете извинување
Важно е лицето кое изневерувало да понуди искрено и сериозно извинување и да ја преземе одговорноста за своите дела. Прифаќањето на извинувањето зависи и од однесувањето на лицето кое изневерувало.

3. Не барајте ја вината кај себе
Вашата самодоверба не зависи од однесувањето на партнерот. Можете да бидете дел од решението, но никако не сте причина за неверството.

4. Искажете лутина
Искажете ја својата лутина. Истражувањата покажаа дека пишувањето писма на партнерот помага, но немојте да му го покажувате. Исто така, разговорот со пријателите и семејството за тој настан може да биде корисен.

5. Пронајдете квалитети
Направете список од позитивните аспекти на вашата врска. Иако сте тажни и лути размислете за се убаво што ви се случило и тоа ќе ви даде нов поглед на вашата врска.

6. Побарајте професионална помош
Ситуацијата може да биде исклучително тешка без оглед на тоа колку сте силна личност. Терапевтски поглед на се може да ви биде многу корисен.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box