gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Изненадувачки се причините зошто партнерите понекогаш се во искушение да се изневерат еден со друг.
Симптомите на љубовно неверство наликуваат на пострауматско стресно нарушување.

Животите на изневерените како да распаднале затоа што секоја илузија за нивниот партнер, илузијата за значењето на нивната врска и себе како сексуално битие целосно се уништени.

Неверството може да разбуди еден од најглолемите човечки стравови - страв од отфрленост и напуштеност.
- Тоа е тешка загуба за многу двојки. Луѓето поминуваат низ фази на тага заради загубата на односот кој мислеле дека го имале, објаснува психологот и сексуален терапевт Евелин Куни.

Иако прељубниците наведуваат различни причини поради кои изневерувале, често заситени со рутината, честите конфликти и пречки, како и потрагата по подобар секс, голем дел од експертите сметаат дека сексот не е главната причина за влегување во забранетите односи.

- Кога двојките ќе почнат да се оддалечуваат еден од друг, обично доаѓаме до податокот дека вината е 50:50. Секој имал свој придонес. Изневерените жени често биле остри и критични што обично мажите ги однело во прегратка на друга жена која повеќе го разбира. Ако жената имала афера, често е тоа заради пасивноста на мажот, што пак жената ја тера на гнев и понатамошна акција, смета прихотеаревттот Брет Кар.

Тој верува дека клучна причина за неверството не е тоа што сме наишле на некој поубав и подобар од сегашниот партнер, туку потсвесно да го повредиме со тој чин. Некои сопружници или партнери се чуствуваат толку немоќно во брак или долгогодишна врска што сакаат со тој чин само да предизвикаат криза. Од тоа произлегува дека неверниците често и сакаат да бидат фатени на дело. Исто така, уште една од можните причини за неверство е преголемото очекување од бракот. Сигурноста во стабилната врска создава чувство на мртвило, додека аферата прави илузија на оживеаност.

Што ако тоа ви се случи на вас?
Можеби во моментот кога ќе дознаете за неверството ќе сакате да се одмаздите на партнерот, но за почеток обидете се да оставите својот бес на страна. Прво морате да разберете дека неверството ви се случило на вас како двојка, а не вам како лице кое парнтерот свесно сакал да го повреди. Обидете се да разговарате за тоа што ве правело незадоволни, а притоа да не се обвинувате еден со друг.
Експертите велат дека би требало да се обидете да ги обновите емоциите и довербата. Искреното простување не е знак дека сте слаби или дека толерирате понижување, ниту дека сте ги заборавиле сета болка и страв, туку дека сте го прифатиле партнерот како личност со сите слабости и маани, својствени на човечко битие. Врската всушност е врска на двајца луѓе кои би требало да бидат еден покрај друг и кога им е тешко.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box