gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Ако мислите дека со многу шминка, лажно поцрнет тен и високи потпетици можете да импресионирате маж, треба повторно да размислите. Новото истражување покажува дека со претерана шминка и лажен тен се добива спротивен ефект кај мажите.

Речиси една третина испитани мажи изјавиле дека лажниот тен не им се допаѓа, а многумина одговориле дека тешката шминка не ги привлекува. Од друга страна, облеката е важна бидејќи 56 отсто мажи велат дека внимателно одбраната облека на девојката со која излегуваат покажува дека се потрудила.

Сепак, внимателно со модата: екстремниот стил е убиец на страста за четвртина испитаници, кои велат дека им биле непривлечни девојки кои изгледале облечени како обожавателки од првиот ред на концерт на Лејди Гага.

Модерните чевли се покажале еднакво непопуларни: 25 отсто мажи презираат платформи, а ниту рамните „оксфордки“ не поминале подобро. Класичниот изглед поминал најдобро, бидејќи дури 50 отсто мажи изјавиле дека мал црн фустан е идеален избор за излегување, а 47 отсто од нив сакаат тесни панталони и припиена кошула, комбинирана со малку шминка и што поприроден изглед.

Повеќе од половина мажи изјавиле дека им се допаѓа кога девојката со која изглегуваат носи секојдневна комбинација.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box