Напишано од Јелена Четврток, 13 Јуни 2013 14:18
Црно чоколадо
редовната консумација на црно чоколадо го намалува нивото на кортизол (хормонот на стрес), а ја намалува и анксиозноста и го засилува лачењето на серотонин (хормонот на среќа).
Сендвич со мисиркино месо
Овој сендвич не содржи многу јаглени хидрати, а има доста протеини, па може да помогне со „пеперутките“ во стомакот. Месото од мисирка содржи аминокиселина која го поттикнува хормонот на среќа што резултира со опуштање.
Зелен чај
Испијте шолја зелен чај половина час пред излегување и тоа нека биде природен извор на енергија. Во шолјата ќе има и доза кофеин која ќе ве држи будни во следните 2-3 часа. Зелениот чај 2 часа по пиењето го освежува здивот, дури и подобро од паста за заби, бонбони и гуми за џвакање со вкус на ментол.
Тост со мед
Малата ужина која содржи јаглени хидрати ќе помогне во одржување на нивото на расположение. Затоа, пред да тргнете на состанок со згодно момче, не размислувајте дали да изедете банана и половина мафин со мед.
Последни објавени во оваа категорија
- Мажите сакаат да разговараат со жените навечер, а тие наутро
- На мажите им е поважен „голем мозок“, отколку големи гради
- И името влијае на квалитетот на љубовниот живот
- Пет работи кои не сте ги знаеле за бакнувањето
- Изненадувачки и помалку бизарни факти за неверството и измамата
- Сузан Сарандон ја раскина врската со 30 години помладиот партнер