gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

1. Што мислите за проширување на семејството?
На почеток од бракот можете да бидете фокусирани на својата кариера, па да го одложите проширувањето на семејството. Сепак, можеби Вашиот сопруг не сака да чека за бебе? Еве добронамерен совет: решете го ова пред да стапите во брак.

2. Какви се религиските верувања и традиции на вашите семејства?
Обичаите и начинот на живот играат важна улога во брачниот живот, особено ако сте блиски со членовите од семејството. Сличните верувања, традиции и обичаи ќе Ве спасат од потешкотии во бракот, а сосема поинаков след на приказната ќе настане ако вашите семејства постојано се конфронтираат.

3. Што е Ваш приоритет – партнерот или работата?
Многумина се работохоличари и ѝ даваат предност на работата, па би било убаво да знаете дали ќе можете да постигнете компромис околу оваа тема.

4. Кои се Вашите фантазии за сексот?
Сексот е многу важен составен дел од бракот, а често доаѓа и до развод на двојките кои не се сексуално компатибилни. Дознајте повеќе за сексуалната фантазија и очекувањата на партнерот, но и своите.

5. Што е со Вашите финансии?
Финансиската одговорност е една од најважните работи во бракот, а особено откако ќе дојдат децата. Подобро да бидете свесни за банкарскиот биланс пред бракот.

На многу прашања не може вербално да се одговори но на овие обидете се да одговорите пред бракот, како би се спасиле себе си и својот партнер од непотребни расправии и стресови.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box