gototopgototop
  1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer>

Пред да се впуштите во нешто такво, добро размислете дали Ви одговара.

1. Тоа не е врска
Значи, нема долги разговори и допишувања, запознавања со пријателите, слатки изненадувања и сето она што го прават вљубените двојки. Емоциите во ваквите врски се непожелни. А главно жените се тие кои најчесто се врзуваат емптивно, иако не значи дека не им се случува и на мажите. Секако дека постои можност и кај двајцата да се појават емоции, но тоа во повеќето случаи е еднострано. Ако другата страна и понатаму останува на тоа дека не сака врска, таквиот однос треба да се прекине што побргу, ако сакате да „сочувате жива глава“. Без оправдувања за однесувањето на партнерот.

2. Нема љубомора
Ваквиот однос остава простор за гледање со други, но тоа не е изневерување. Никој овде е не е обврзан на другиот да му дава сметки каде е со кој е. Некои за жал, не даваат такви сметки ниту кога се во врска, а не вака. Ако се појави љубомора од Ваша страна, тоа е јасен знак дека почнуваат да се јавуваат емоции. Заклучокот е ист како и во претходната точка. 

3. Без брзање
Гледањето со други се однесува и на Вас, не само на него. Значи, постои можност и Вие во меѓувреме да запознаете некој. Совет? Немојте веднаш да го прекинете она што веќе го имате, додека не видите каде евентуално би можело да Ве одведе ова второво, затоа што никогаш не се знае.

Иако на почеток ваквата врска може да изгледа како идеална авантуа, стручњаците тврдат дека таа однапред е осудена на пропаѓање, затоа што на крај еден од Вас ќе сака нешто повеќе.

Share this post

Слушај радио во Живо

bg_radio

and.play_google

and.qrcode

Facebook Like box